Магазин 22. јули 2019. / 16:45

Еве какво време не очекува во наредните денови

Еве какво време не очекува во наредните денови

Во Македонија денеска преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност.

Минималната температура изнесува12 степени, а дневната максимална ќе достигне 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за краткотраен локален дожд. Дневните температури ќе опаднат за три до четири степени. Потоа во наредните денови времето повторно ќе биде стабилно и многу топло.