Магазин 20. мај 2019. / 23:01

Еве какво време не очекува утре

Еве какво време не очекува утре

Во текот на денешниот ден Македонија повторно се наоѓаше под влијание на Андреа па така на повеќе места имаше и повремени врнежи од дожд.

Во попладневните часови поради загреаната атмосфера и тоа особено во источните предели се разви нестабилна облачност која беше проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено интензивна нестабилност и развој на олуен систем имаше околу Радовишкиот регион и истиот услови интензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични пранења а во околината на Радовиш имаше и интенизвни врнежи од град, анализира Славчо Поповски.

Утре и во среда пак очекуваме постабилна атмосфера иако на планинските места во текот на попладневните часови не се исклучува можноста за локален краткотраен дожд и грмежи додека поголеми услови за нестабилност и на повеќе места повторно ќе има во четврток попладне и во петок, повеќе информации околу оваа нова нестабилност следуваат наскоро.