Магазин 27. август 2020. / 22:57

Еве какво ќе биде времето за време на продолжениот викенд

Еве какво ќе биде времето за време на продолжениот викенд

Времето утре ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 34 степени.

Продолжува периодот на сончево и топло време со пораст на дневната температура. Особено топло ќе биде во недела и понеделник, кога во најголем дел од земјава температурата ќе надмине 35 степени.