Магазин 23. мај 2019. / 14:28

Еве какво ќе биде времето за овој продолжен викенд

Еве какво ќе биде времето за овој продолжен викенд

Времето денеска попладне во северните и во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје попладне и во вечерните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи.

И утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи.

Поинтензивни процеси се очекуваат во понеделник и во вторник, кога врнежите ќе бидат пообилни, на места ќе има поројни врнежи проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.