Времето денеска е сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Дневните температури се движат до 32 степени.
До среда ќе се задржи сончево и топло време со релативно високи дневни температури. Во четврток во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд и локална појава на грмежи.
Во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата, особено во петок.