Магазин 28. февруари 2019. / 09:22

Еве какво ќе биде времето во наредните денови

Еве какво ќе биде времето во наредните денови

Како за последен ден од климатолошката зима, а воедно и последен февруарски ден од оваа година, нема да имаме лошо време.

Очекуваме мала до умерена облачност и доста потопло време во однос на средата. И во однос на ветерот ситуацијата ќе биде значајно подобра, односно ќе имаме слаб северен ветер.

Наутро на повисоките места ќе биде умерено студено, со минимална температура околу -5°С. Низ котлините утринската температура ќе биде во дијапазонот помеѓу -3°С и 2°С.

Максималната дневна температура ќе има вредност помеѓу 10°С и 13°С во котлините во западниот и северниот крај, а на југоисток околу 15°С.

Скопскиот регион очекува претежно сончево време. Минималната температура ќе се „спушти“ до -2°С, а дневната ќе достигне максимум до околу 12°С.