Магазин 07. јуни 2019. / 21:44

Еве какво ќе биде времето во наредните денови

Еве какво ќе биде времето во наредните денови

Утре времето во Македонија не очекува сончево и потопло време со мала до умерена облачност.

Попладне во западните делови ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Минималната температура ќе биде помеѓу 10 и 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 15 до 33 степени.

Во наредните денови под влијание на топла воздушна маса следува период на значително потопло време. Во следните денови во попладневните часови локално ќе има краткотраен пороен дожд проследен со грмежи, понекаде и појава на град, а понестабилно ќе биде од понеделник.