Твитер само што соопшти дека има “нулта толеранција” за сексуално искористување на деца, но сепак го дозволи ова видео на ВАЈС, кое го портретира и глорифицира сексуалното искористување на децата. Видеото кое е поставено подоле, останува на платформата на Твитер.
пишува: Мет ВАЛШ, The Daily Wire
Видеото на ВАЈС е забавен и чуден поглед на “друштво” на млади момчиња кои се облекуваат во женска облека за перверзно да забавуваат возрасни.
These kids are the next generation of drag queens. pic.twitter.com/UfgeakEyu6
— VICE Canada (@vicecanada) June 6, 2019
ВАЈС гордо обзнани дека овие деца се “следната генерација на крос дрес кралици на забавата.”. Но дали тие се навистина дел од “следната” генерација? Тие се дел од тековната генерација – или повеќе дел од актуелната култура – на нов вид на “забавувачи кои се облекуваат како жени”. Ново, е тоа што, оваа појава се појавува кај нас на западот. Во земјите како Авганистан, долго време е традиција да има млади момчиња облечени во женски алишта кои играат за да забавуваат возрасни мажи. Сега, ние прифаќаме слична традиција, но под изговорот за прогресивизам.
Левицата стана неверојатно опседната со облекување на млади момчиња како девојчиња и парадирање со нив наоколу. Буквално парадираа со нив наоколу во неколку случаи, како на геј парадата во Лос Анџелес каде што имаше 7-годишно момче кое “искачено” на високи потпетици беше во првиот ред на парадата. Се сеќавате, на пример, на детето кое позираше со голи мажи и на “детето забавувач” кое играше во геј бар додека мажи му лепеа пари на телото.
Ова би требало да ги стави работите во перспектива за оние кои сеуште се тупи и доволно несфесни да мислат дека “Приказните за квирови” кои се појавуваат во библиотеките низ целата земја се само безопасна забава. Стотици библиотеки се домаќини на настани во кои се носат деца и крос-дресери мажи заедно. Ова, се разбира, не е ни практична ни кохерентна причина зошто еден маж облечен како жена од филм на Тим Бартон би им читал книги на деца. Одлуката да се спроведуваат вакви активности кои се грозни и гротесктни е со цел на децата – особено на момчињата – да им се всади идејата за облекување како жена. Сексуалните искористувачи на деца сакаат да обезбедат константно освежување на нови “Бача момчиња”, или “drag kids”, како што ги нарекуваме во оваа земја.
Следејќи ја траекторијата не е толку тешко да се види каде следно ќе одат работите. Пред 10 години, не постоеше ништо како “drag kid” или читање во библиотека со мажи облечени како жена. Ливичарите ќе ве наречеа параноичен лудак ако предупредевте дека тоа е нешто што ќе се случува. Сега овие две улоги се секојдневие и левичарите инстистираат дека тоа што возрасни мажи облечени како жени се дружат со мали деца во библиотека и тоа што возрасни сакаат да одат во геј барови во кои им играат деца облечени во фустани – не е воопшто сексуално.
Десет години од сега, а можеби и побрзо, тие ќе признаат дека ова е сексуална појава но ќе инсистираат дека нема ништо погрешно во тоа младо момче и возрасен маж да бидат во врска, се додека таа е консензуална. Не треба да си Ностраамус за да го видиш следниот чекор. Тој е пред нас, јасен како бел ден.
Левичарството е активна закана за нашите деца. Ова е причината поради која не можеме да најдеме компромис со левицата и не може да најдеме заеднички јазик. Каков заеднички јазик може да најдете со личност која мисли дека десет годишно дете може да танцува во геј бар? Тоа е злобна идеологија, се повеќе и повеќе. Мора да ја пораземе, или ќе гледаме како ни ги уништува децата.