Европскиот одбор за заштита на податоците во средата објави дека ќе започне истрага за активностите за собирање на податоци на социјалната мрежа „ТикТок“
Истрагата беше побарана заради загриженост во врска со употребата на личните податоци на корисниците од популарната кинеската апликација.
– Работната група ќе ги координира потенцијалните активности и ќе побара преглед на процесите и практиките на „ТикТок“ ширум ЕУ, се вели во соопштението на ЕДПБ.
Понатаму, независното европско тело ги предупреди полициските сили на ЕУ да не користат софтвер за препознавање на лицето од американската компанија „Клирвју“.