Сегашниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пред повеќе од две децении беше осуден за поттикнување религиозна и расна омраза и насилство, пишува vesnik.
Судот му одредил затвор 10 месеци, но ЕрдоЕган, тогашен градоначалник на Истанбул, отслужи само четири месеци затвор, од 24 март до 27 јули 1999 година.
По ослободувањето од затвор, поранешниот градоначалник на најголемиот турски град, кој после стана премиер на земјата, пред биде избран за претседател, живеел три месеци во Македонија. Ердоган, кој денес ја држи функцијата лидер на Партијата за Правда и Развој покрај функцијата претседател на Турција, мал дел од неговиот живот го помина во Тетово.
Ова информација за турскиот претседател ја сподели лидерот на ДПА Мендух Тачи на косовската телевизија Т7.