Компанијата „Епл“ (Apple) понуди рекордни милион долари награда на експерти за компјутерска безбедност ако успеат да најдат начин за хакирање на Ајфон.
На годишната конференција за компјутерска безбедност во Лас Вегас, Епл ги повикаа експертите од целиот свет да побараат безбедносни ”дупки“ во паметниот телефон.
Но, наградата од милион долари ќе биде платена само ако успеат да хакираат Ајфон од далечина, без директен контакт со телефонот.
Компанијата досега нудеше 200 000 долари награда за ова.