Магазин 05. февруари 2019. / 12:50

„Епл“ ќе плати 500 милиони евра затаен данок на Франција

„Епл“ ќе плати 500 милиони евра затаен данок на Франција

Американскиот технолошки гигант „Епл“ постигна договор со француските даночни власти да ги плати десет години ненаплатените даноци.

Според информацијата на неделникот „Експрес”, американската компанија треба да плати речиси 500 милиони евра за да стави крај на овој спор, во рамки на  доверливиот договор постигнат кон крајот на декември минатата година.