Магазин 18. февруари 2020. / 21:37

Епархија во Швајцарија бара егзорцист преку оглас

Епархија во Швајцарија бара егзорцист преку оглас

Кога ќе го спомнеме зборот „егзорцизам“, најмногу мислиме на застрашувачки средновековни обреди, но во Швајцарија протерувањето на ѓаволот е сè уште вообичаена практика и во моментов е отворен конкурс.

Епископскиот викар Христоф Касети, кој почина на 9 февруари 2020 година на 76-годишна возраст, беше еден од најпознатите егзорцисти во земјата, користејќи го самиот термин „служба за исцелување и избавување“.

Епархијата во Хуру бара нов егзорцист. Швајцарската мрежа СФР објави дека во црквите во земјата се вршат 1.300 истерувања на ѓаволот годишно, а евангелиското советувалште „Релинфо“ наведе дека бројот на ритуали во Швајцарија од 2012. до 2017. година се зголемиле за трипати.