Магазин 22. февруари 2019. / 15:16

Емотивен говор на соработникот на Шабан: Се договоривме дека ќе остриме заедно, но ме предаде

Емотивен говор на соработникот на Шабан: Се договоривме дека ќе остриме заедно, но ме предаде

Раде Вучковиќ, долгогодишниот соработник на Шабан Шаулиќ, ги потресе сите во салата со својот последен говор на комеморацијата.

– Денес тагува цела Србија и твојот сакан Шабац и милиони твои обожаватели низ светот, тагувам и јас. Твојата Гордана, Санела, Илда, Михајло, внуците беа твој храм. Секогаш брзаше дома да впиеш нова сила, љубов, убавина, која ти беше потребна по долгите и тешки патувања, а тие несебично ти ги даваа и секогаш беа заедно со тебе. – рече Вучковиќ.

Тој ја потврди соработката со пејачот и кажа дека станале непобедлив тандем.

– Беше моја вечна инспирација, најубавите мелодии и стихови ги напишав тебе, а само ти во својта песна со изведбата можеше да ги донесеш тие текстови до совршенство. Беше добар, чесен, скромен човек, ниту самиот не знаеше колку си голем. Се договоривме дека ќе остриме заедно, ќе се дружиме во Крчедин, ќе одиме на риболов. Но, ме предаде, отиде пред мене и со себе однесе дел од мене. – рече во својот последен говор Раде Вучковиќ, човекот кој ги напиша најубавите песни и стихови за Шабан.