Поранешниот директор на АЕК, како и поранешен директор на Секторот за ИКТ и член на Борд на Директори во МЕПСО, Роберт Орданоски на социјалните мрежи и го честита роденденот на својата ќерка, а воедно и со јавноста сподели дека сега кога не е директор неговата, наскоро поранешна сопруга побарала развод.
Орданоски со пост на социјалните мрежи, пишува дека Агнеса не присуствувала на прославата на 17. роденден на нивната ќерка.
„Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка и, фотошоп барбиката Agnesa Ordanoska не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка, има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила, најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директор и не е во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде солвентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене“, пишува Орданоски.