Магазин 08. јануари 2021. / 21:10

Екипата на Реал Мадрид е блокирана на аеродромот

Екипата на Реал Мадрид е блокирана на аеродромот

Екипата на Реал Мадрид веќе повеќе од еден час е блокирана во авионот.

Кралевите тргнале на пат за натпреварот против Осасуна, но поради временски неприлики авионот не може да полета.

Па така, играчите и стручниот штаб веќе повеќе од еден час се заробени во авионот. Засега не е познато кога пистата ќе биде подготвена за полетување.

Возможно е натпреварот да биде одложен за во недела, а конечната одлука ќе биде позната вечерва.