Магазин 06. јуни 2019. / 20:24

ЕХФ: Легендарна претстава на Вардар, која ако беше напишана луѓето немаше да веруваат во неа!

ЕХФ: Легендарна претстава на Вардар, која ако беше напишана луѓето немаше да веруваат во неа!

Делата секогаш се погласни од зборовите, а тоа најдобро го покажа Вардар на Ф4 во Келн во Лигата на шампионите.

„Отпишаниот“ тим, на кој му се даваа најмалку шанси да го крене елитниот трофеј изведе ново чудо и за 24-часа прво го урна каталонскиот гигант Барселона во полуфиналето, а потоа во финалето го совлада Веспрем.

Ова е приказна, која ако беше напишана луѓето немаше да веруваат во неа! Легендарна претстава на Вардар!,  заклучи ЕХФ во одјавата на десеттото елитно издание на Ф4 викендот во Келн.