Магазин 15. ноември 2019. / 23:30

Еди Марфи во четвртото продолжение на „Полицаецот од Беверли Хилс“

Еди Марфи во четвртото продолжение на „Полицаецот од Беверли Хилс“

Славниот актер Еди Марфи, ќе ја повтори својата улога на духовитиот детектив, Аксел Фоли, во четвртото продолжение на „Полицаецот од Беверли Хилс“, овој пат во продукција на Нетфликс.

Филмското студио „Парамаунт“ планираше да  го снима продолжението, но се откажа од проектот во 2016 година и сега правата за стриминг ги предаде на „Нетфликс“.

Марфи прв пат го играше Фоли во 1984 година, а повторно го играше во 1987 и 1994 година. 58-годишникот оваа година доби пофалби за неговата улога во „Долемит е моето име“ на Нетфликс.

Џери Брукхајмер, кој ги продуцираше првите два филма, исто така ќе биде задолжен за новиот проект, пренесува Холивуд Рипортер.