Магазин 20. август 2020. / 15:54

Еден симптом на Ковид-19 е различен од симптомите на грип

Еден симптом на Ковид-19 е различен од симптомите на грип

Кога пациент со ковид-19 го губи чувството за мирис, тогаш тоа е обично ненадејно и сериозно.

И, генерално, немаат проблеми со течење или затнат нос, па повеќето луѓе со коронавирус сè уште можат слободно да дишат. Она што ги разликува ваквите пациенти е вистинската загуба на вкусот, пишува Би-Би-Си.

Не е дека нивното чувство за вкус е ослабено на некој начин затоа што немаат чувство за мирис, објавија истражувачите во списанието Ринологија. Пациентите со коронавирус кои го изгубиле вкусот навистина не можат да ја кажат разликата помеѓу горчливото и слаткото. Експертите се сомневаат дека ова е затоа што коронавирусот ги напаѓа нервните клетки директно вклучени во чувството за мирис и вкус.

Главните симптоми на коронавирус се висока температура, нова и континуирана кашлица, губење на мирис или вкус. Секој со овие симптоми треба да се изолира и да направи тест за проверка на вирусот. Членовите на домаќинството исто така треба да бидат изолирани за да се спречи можното ширење.

Водечкиот истражувач на оваа студија, проф. Карл Филпот од Универзитетот во Источна Англија, спроведе тестови за мирис и вкус на 30 волонтери, 10 со ковид-19, 10 со тешка настинка и 10 здрави лица без настинка или грип. Губењето на мирис кај пациентите со ковид-19 било значително поизразено. Тие биле помалку способни да идентификуваат мириси и воопшто не биле во можност да разликуваат горчливи од слатки вкусови.

Проф. Филпот, кој работи со добротворната организација „Петто сетило“ за да им помогне на луѓето со нарушувања на мирис и вкус, вели:

Постојат навистина одлики што го разликуваат коронавирусот од другите респираторни вируси. Ова е многу интересно затоа што тестовите за мирис и вкус можат да се користат за да се разликуваат пациентите со ковид-19 од оние со обична настинка и грип .

Тој додаде дека луѓето исто така можат да ги тестираат своите сетила за мирис и вкус дома, користејќи производи како што се кафе, лук, портокал, лимон и шеќер. Филпот истакна дека дијагностичките тестови на носот и грлото се уште се неопходни доколку некој се сомнева дека има коронавирус. Чувството за мирис и вкус се враќа во рок од неколку недели кај повеќето луѓе кои се опоравуваат од коронавирусот.

Професорот Ендру Лејн е експерт за проблеми со носот и синусите на универзитетот „Џон Хопкинс“ во САД. Заедно со соработниците, тој студирал примероци од ткива од задниот дел на носот за да разбере како коронавирусот може да предизвика загуба на мирис и ги објавил своите откритија во European Respiratory Journal.

Биле пронајдени екстремно високи нивоа на ензими присутни само во пределот на носот одговорен за мирис. Овој ензим, наречен ACE-2, се смета дека е влезната точка што му овозможува на коронавирусот да влезе во клетките на телото и да предизвика инфекција. Носот е едно од местата каде вирусот САРС-КоВ-2 влегува во телото.

Сега спроведуваме повеќе експерименти во лабораторија за да видиме дали вирусот навистина може да ги користи овие клетки за да влезе и да го зарази телото, вели Лејн за BBC.