Магазин 25. јуни 2020. / 13:20

Еден од најблиските соработници на Северина на естрадата позитивен на корона вирус

Еден од најблиските соработници на Северина на естрадата позитивен на корона вирус

Фотографот Душан Петровиќ, кој е еден од најчестите соработници на Северина на естрадата е заразен со корона вирус.

Балканската музичка ѕвезда на својот „Инстаграм“ ја сподели објавата на фотографот, кој поради компликации со корона заврши во болница.

Ви благодарам на сите на пораките со поддршка и се извинувам што не ви вратив. Ноќеска околу 2ипол часот завршив во болница затоа што ми се влоши состојбата и не паѓа температурата. Чувајте се. Ова корона е еден ужас, но и тоа ќе го победиме – напиша Душан, а Северина ја реобјави неговата порака.