Магазин 13. декември 2019. / 11:18

Е ова е прав газда: За Божикни бонуси на вработените им поделил 10 милиони долари

Е ова е прав газда: За Божикни бонуси на вработените им поделил 10 милиони долари

За вработените во фирма за недвижности во Балтимор, САД, Божик подрани. За време на божикната забава газдата им поделил 10 милиони долари како божикни бонуси, пишува „Њујорк пост“. Стандардниот чек изнесувал 50.000 долари, но некои од вработените добиле и по 250.000. Гестот бил снимен и на видео.

Компанијата „Недвижност Ст. Џон“ е една од најголемите во САД. Таа тргува со недвижности во Мерлинед, Вирџинија, Колорадо, Луизијана, Невада, Пенсилванија, Јута и Висконсин.

-Сакав да го прославиме и одбележиме како што треба тоа што вие го направивте. Стигнавме до недвижни имоти од 20 милиони квадратни километри, изјави шефот на компанијата Едвард Ст. Џон.

На видеото се гледа како вработените почнуваат да ги отвараат ковертите со божилните бонуси и како многумина од нив доживуваат вистински шок од сумите.