Играчите на Јувентус никако не може да бидат задоволни како се развиваше и заврши натпреварот со Парма кој се одигра во саботата, но сега далеку поголеми проблеми доби Даглас Коста кој според информациите денеска предизвика голем сообраќаен инцидент.
Несреќата се случија на автопатот Ливорно Сантија во северна Италија, а како што тврдат угледните медиуми од оваа земја, џипот кој го возел Бразилецот се забил во Фиан Пунто кој го возел 47-годишен маж. Даглас Коста го возел својот Џип Чироки, но ако тој минал без никакви повреди, полоша била ситуацијата со човекот кој го возел Пунтото кое е комплетно уништено од судирот.
Според информациите, 47-годишниот маж е префрлен во најблиската болница поради заработените повреди, а за неговата состојба се уште нема подетални извештаи.