Разбирам дека маските се незгодни и непријатни. Но, не мислите ли дека е полошо што компаниите се затвораат, луѓето ги губат работните места, а здравствените работници се исцрпени…Овој вирус однесе многу животи затоа што не правиме доволно, вели во својата порака до фановите Џенифер Анистон.
Во инстаграм-постот на кој доби повеќе од 6 милиони лајкови за поддршка, актерката повика да се помогне во борбата против корона вирусот.
Јас навистина верувам во добрината на луѓето, така што знам дека можеме да направиме нешто заедно. Но, сепак, многу луѓе во нашата земја одбиваат да ги преземат потребните чекори. Луѓето се чини дека се загрижени поради тоа што им се одземени правата бидејќи треба да носат маска. Оваа едноставна и ефикасна препорака е политизирана на штета на животите на луѓето. И навистина не треба да се води дебата. Ако се грижите за човечкиот живот, ве молам … само носете ја проклетата маска и охрабрете ги оние околу вас да го сторат тоа – напиша Анистон.