Холивудскиот актер Пирс Броснан ги шокираше своите фанови со селфито што го објави на Инстаграм.
На фотографијата се гледа неговиот имиџ за време на изолацијата, односно Броснан се појавува со долга коса и брада, нескратени од моментот откако почна изолацијата.
Изолација, а ова е само шеста недела“, се пошегува поранешниот Џејмс Бонд со фотографијата што ја сподели со своите 1,3 милиони следбеници на Инстаграм.
Дел од нив веднаш се пошегувале дека повторно се подготвува за улогата на Робинзон Крусо која ја толкуваше во 1997 година. Други забележуваат дека личи на ликот во последниот филм за Џејмс Бонд во кој го глумеше тајниот агент 007, „Умри друг ден“ (Die Another Day), во кој беше затвореник во Северна Кореја.
Моето име е Брада… Џејмс Брада – се шегуваат неговите обожаватели на социјалните мрежи.