По објавата на Blue Origin за тестирањето на погонски мотор за вселенски летови, следеше најавата на компанијата на Instagram со историско соопштение.
Програмата на Blue Origin за моторот BE-7 продолжи во центарот за вселенски летови на НАСА, соопшти Blue Origin на веб-страницата на компанијата. Објавувањето исто така вклучуваше драматично видео со стартување на моторот напојуван од течен кислород и течен водород, а компанијата основана во 2000 година од милијардерот Џеф Безос го сподели на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Патем, станува збор за ракетен мотор, наменет за лунарниот модул Blue Moon кој му беше претставен на светот во мај минатата година лично од Џеф Безос, со план да биде мисија на Месечината, заедно со слетување, во 2024 година.
НАСА избра три компании кои ќе развијат и изработат вселенски летала со кои во наредниве години астронаутите ќе слетаат на Месечината во рамки на програмата Artemis.
Избрани се компаниите Blue Origin на Џеф Безос, SpaceX на Елон Маск и американската „Dynetics“ која е во сопственост на „Leidos“, чиј извршен директор е Роџер Крон.
Вкупната вредност на договорите на трите компании, што ќе бидат склучени на период од 10 години, изнесува 967 милиони долари.
САД сакаат до 2024 година на Месечината да испратат уште еден маж астронаут и првата жена астронаут, а се планираат и други мисии. Мисијата во 2024 ќе биде првата мисија со човечки екипаж на Месечината по 1972 година.