Архивски фотографии откриваат каков бил животот на луѓето за време на светската пандемија со шпанскиот грип.
Шпанскиот грип бил необично смртоносна пандемија, што траела од јануари 1918 до декември 1920 година. Тогаш биле заразени околу 500 милиони луѓе или една четвртин а од бројот на тогашното свтеско население. Грипот бил исклучително смртоносен и според истражувањата тој одземал меѓу 17 и 50 милиони животи. Некои истражувања стигнуваат и до бројка од 100 милиони жртви во целиот свет, со што Шпанскиот грип станува една од најсмртоносните пандемии во историјата на човештвото.
За разлика од Ковид-19, шпанскиот грип напаѓал главно зрели луѓе со добра здравствена состојба. Речиси 99% од смртните случаи биле луѓе на возраст под 65 години, од кои половината била на возраст меѓу 20 и 40 години.
Ковид-19, пак, завршува фатално за возрасните лица и во зависност од тоа дали тие имаат или не други заболувања.
Симптомите на шпанскиот грип биле толку необични, што лекарите немале претстава со што се борат. Доста често заболувањето било погрешно дијагностицирано како колера, тифус и друго.
За време на тогашната пандемија на многу места низ целиот свет биле преземани и налагани идентични мерки за превенција од ширењето на грипот. Биле затварани цели градови, на луѓето им било забрането да ги напуштаат домовите, а за справување со грипот биле поставувани полски болници.
Откако медицинските лица дошле до сознанија дека грипот се пренесува од човек на човек по воздушен пат, на ист начин како и Ковид-19, на многу места заштитните маски стануваат задолжителни за целото население.
Шпанскиот грип се ширел во два брана, а вториот бил посмртоносен од првиот. Првиот ненадејно спласнал кон крајот на 1918 година.
Откако бил надминат пикот на вториот бран, луѓето почнале помалку да заболуваат. Во медицината постојат многу теории зошто било така. Една од нив е дека бактеријата на грипот мутирала исклучително брзо во помалку смртоносна, што често се случува со повеќето грипни вируси.
Суштинска разлика меѓу двете заболувања се смртноста и возрасната група. Додека шпанскиот грип ги совладувал младите во најубавите години, корона вирусот ги напаѓа повозрасните, кои имаат и други заболувања. Возрасните речиси не боледувале од шпанскиот грип. А, едно од образложенијата било дека тие, најверојатно, преживеале некој сличен вирус, со што стекнале имунитет, за разлика од помладите.