Магазин 05. октомври 2020. / 12:50

Двајца Американци и еден Британец добитници на годинешниот Нобел за медицина

Двајца Американци и еден Британец добитници на годинешниот Нобел за медицина

Добитници на годинешната Нобелова награда за медицина се двајца американски и еден британски научник.

Тројцата научници успеале да идентификуваат вирус Хепатитис Ц, кој предизвикува цироза, и рак на црниот дроб, соопшти Нобеловиот комитет.

Нобеловата награда за медицина годинава ќе ја добијат Харви Џ. Алтер, Чарлс М. Рајс и Мајкл Хотон, пренесува СНН.

Тројцата научници покрај златните медали ќе добијат и нешто повеќе од 1,1 милион долари.

Во обрзаложанието за наградата се наведува дека пред нивното откритие за хепатитисот, кој се пренесува преку крвта, вирусите А и Б не можеле да се објаснат, како и дека нивната работа овозможила тестови на крв и нови лекови кои спасиле милиони животи.

Благодарение на нивното откритие сега се достапни многу чувствителни тестови на крв на вирусот, кои овозможуваат брз развој на антивирусните лекови за Хепатитисот Ц, е наведено во соопштението.

Нобеловата награда за медицина е прва од шесте кои ќе бидат доделени до 12 октомври, а тоа се награди за физика, хемија, мир, економија и книжевност.