Магазин 24. март 2020. / 09:08

Дваесетина сантиметри снежна покривна во Маврово, денеска ќе продолжи повремено да снежи

Дваесетина сантиметри снежна покривна во Маврово, денеска ќе продолжи повремено да снежи

Најголема снежна покривка до седум часот утринава е измерена во Маврови Анови, вкупно 19 сантиметри, следи Дебар со 12 сантиметри, потоа Пожаране со 12, Штип девет, Лазарополе осум и така натаму, информираат од УХМР.

Истовремено, најниска температура денеска од минус девет степени Целзиусови е измерена во Маврово, по што следат Крушево и Дебар со по минус седум и Лазарополе минус шест степени Целзиусови.

Во изминатите 24 часа до седум часот најголем воден талог е измерен во Лазарополе, Скопје Зајчев Рид, Прилеп и Битола.

Во тек на денешниот ден времето ќе биде облачно и не многу студено со повремени врнежи претежно од снег. Дневните температури во Скопје, се очекуваат до два степена Целзиусови.