Магазин 07. јануари 2021. / 20:10

Два лекови против артритис ја намалуваат смртноста од ковид-19

Два лекови против артритис ја намалуваат смртноста од ковид-19
Амбулантни возила пред болница во Париз

Лек под името Актемра, кој го произведува компанијата „Рош“, и лекот на „Санофиј“, Кевзара, двата против артритис, значајно ги зголемуваат шансите за преживување кај ковид пациентите и го намалуваат времето на лечење, покажуваат резултатите на едно истражување.

Имуносупресивите Актерма (генеричкото име е тоцилизумаб) и Кервеза (генеричкото име му е сарилума) ја намалуваат стапката на смртност за 8,5 отсто меѓу пациентите кои се хоспитализирани поради ковид-19 и кои се наоѓаат во сериозна критична состојба, покажува студија која се уште не ја поминала фазата на рецензија, пишува Гардијан.

Тоа значи дека на секои 12 пациенти третирани со еден од овие два лека, може да се спаси еден живот, вели професорот Ентони Гордон од Империјал колеџ во Лондон и еден од авторите на студијата.

Според податоците на агенцијата, податоците од околу 800 пациенти во фази на критична состојба во меѓународна студија покажале дека двата лека ја намалилеа стапката на смртност од 35,8 проценти.

Студиите исто така покажуваат дека пациентите третирани со овие лекови закрепнуваат побрзо и се отпуштени од одделот за интензивна нега седум до десет дена порано од оние кои не ја примиле оваа терапија.

Компанијата „Рош“ во ноември објави дека истражувањето покажало дека Актемра им помагала на пациентите со ковиди во најтешка состојба, но дека не е јасно дали лекот ги одржува луѓето живи или го скратува времето поминато на респиратори или и на двете.

Владата на Велика Британија соопшти дека ќе побара од лекарите да лекуваат пациенти со ковид-19 кои се во критична состојба со овие лекови.