Магазин 22. јули 2020. / 11:33

Дуа Липа повторно се огласи зa картата од „Голема Албанија“

Дуа Липа повторно се огласи зa картата од „Голема Албанија“

Пејачката со албанско потекло Дуа Липа повторно се огласи на социјалните мрежи откако претходно објави слика со карта од „голема Албанија“ и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Таа вели дека нејзината објава е „погрешно протолкувана“.

Со мојот претходен пост, не сакав да иницирам какво било омраза. Ме прави тажна и лута што мојата објава беше погрешно протолкувана од некои групи поединци кои промовираат етнички сепаратизам, нешто што целосно го отфрлам, напиша Дуи Липа.

Според неа, секогаш кога објавувала за Косово луѓето реагирале бурно.

Сите ние заслужуваме да бидеме горди од каде потекнуваме. Едноставно сакам мојата земја да биде претставена на картата и да може да зборува гордо и среќно за моите албански корени и за мојата родна земја. Ги охрабрувам сите да го прифатат своето наследство и да слушаат и учат едни од други. Мир, љубов и почит кон сите – напиша Липа во нејзината објава.