Магазин 29. мај 2020. / 18:00

Драмски театар на „Јутјуб“ ќе ги игра „Умри машки“ и „Генетика на кучињата“

Драмски театар на „Јутјуб“ ќе ги игра „Умри машки“ и „Генетика на кучињата“

Драмски театар – Скопје продолжува со прикажување претстави на неговиот „Јутјуб“ канал. Од 20 часот вечерва ќе биде прикажана претставата „Умри машки“ од Алдо Николај, во режија на Коле Ангеловски.

Утре во 20 часот Драмски ќе ја емитува претставата „Генетика на кучињата“ по текст на Венко Андоновски и во режија на Дејан Пројковски.