На социјалните мрежи актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ соопшти дека почнува снимањето на филмот „Тома“, кој одамна го најавуваа заедно со пејачот Жељко Јоксимовиќ.
Како што соопштија членовите на продукцијата, снимањето на филмот „Тома“, за животот на познатиот пејач за Тома Здравковиќ почнува викендов. Улогата на Тома Здравковиќ ќе ја толкува Милан Мариќ, а пејачката Силвана Арменулиќ, чиј лик исто така ќе се појави во филмот, ќе ја глуми Тамара Драгичевиќ. Многумина тврдат дека случајната средба меѓу Тома и Силвана во голема мера ја одредила нивната кариера.