Магазин 22. декември 2020. / 14:43

Дожд и снег за викендот во западните делови од земјата

Дожд и снег за викендот во западните делови од земјата

До четврток ќе се задржи стабилно и суво време по котлините со појава на магла и значителна ниска облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од петок до недела, под влијание на влажен бран ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините со снег.

Поради продор на студена воздушна маса од север, в сабота кон крајот на денот висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под 1000 метри, па снег ќе има и во повисоките населени места, особено во западните делови од земјава.