Магазин 06. март 2020. / 11:59

Дожд и грмежи за време на викендот

Дожд и грмежи за време на викендот

За време на викендот во земјава ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота попладне и во текот на ноќта над 25 литри на метар квадратен.

Од УХМР наведуваат дека локално, особено во јужните делови ќе има појава на нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер над 80 километри на час.