Поранешниот италијански селектор, Роберто Донадони верува дека Милан може да ја освои титулата во Серија А.
„Црвено-црните“ по 11 кола се лидери во шампионатот и секако се почесто се поставува прашањето дали тие можат да продолжат да играат во вакво темпо и дали можат да останат на сегашната позиција на крајот на сезона.
Според Донадони неговиот колега Стефано Пиоли одлично си ја врши работата во Милан и овој тим има карактер, потенцијал да биде најдобар и покрај жестоката конкуренција.
-Групата сега е целосно свесна за нивната вредност. Можевте тоа да го видите против Парма кога имаа два гола негатива, ама продолжија да ја играат нивнаа игра. Постојат несомнено позитивни знаци од добрата година, но сега проблемот ќе биде да управувате со нив, тој мора да продолжи да инсистира. Пиоли заврши извонредна работа; тој ги заслужува сите комплименти. Тој е пријател, јас се гледам во него, рече Донадони.
Тој додаде дека постојната Табела ги одразува вредностите на теренот.
-Денес би рекол дека Милан ќе го освои Скудетото, но тоа е долг пат, -заклучи Роберто.