Магазин 17. август 2019. / 14:38

Додека светот ја очекува појавата на 5G, Хуавеј веќе почна со развивање на 6G

Додека светот ја очекува појавата на 5G, Хуавеј веќе почна со развивање на 6G

Бидејќи 5G уште една или две години е далеку од употреба, Хуавеј сега започна да гледа на нова генерација на мобилен интернет. 5G беше извор на немири за Хуавеј.

Американската влада загрижена дека компанијата може да вгради безбедносен пропуст во 5G и друга комуникациска инфраструктура, изврши притисок врз владите ширум светот за да избегне користење на опремата на кинескиот гигант.

Кинеската компанија ја истражува 6G мрежата во својот центар за истражување и развој во Отава, Канада. Не очекува 6G да стане реалност во било која смисла се до околу 2030 година.

Хуавеј е ставен на црната листа на САД, а претседателот Доналд Трамп дополнително потпиша извршна наредба со која се забранува работење со компанијата поради загриженост за национална безбедност, бидејки Хуавеј имале блиски врски со кинеската влада.

Стравувањата се дека кинеската влада би можела да ја искористи инфраструктурата која Хуавеј ја гради во САД и другите земји за шпионирање или шпионажа. Хуавеј во повеќе наврати го негираше тоа обвинение.

Црната листа на Трамп значеше дека компанијата е блокирана од користење американски производи, што го вклучува и системот Андроид на Гугл.

Хуавеј минатата недела го претстави ХармониОС (HarmonyOS), оперативен систем за паметни уреди, како што се паметни телевизори, системи за забава во автомобили и друго, за што компанијата вели дека може да се користи за напојување мобилни телефони ако САД повторно го блокира користењето на Андроид.