Магазин 09. септември 2019. / 11:30

До среда пороен дожд – потоа повторно топло време

До среда пороен дожд – потоа повторно топло време

Претпладне во поголемиот дел ќе е сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Во попладневните часови ќе се зголеми облачноста, а претежно во планинските региони ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Попладне ќе има услови за краткотрајна нестабилност
со пороен дожд и грмежи.

Утре и во среда се уште во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирна нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд. Веќе од среда ќе има повеќе сочево време и ќе следува период на стабилно и релативно топло време.