Според најавите на УХМР попладнево се очекува облачноста се зголеми, а на крајниот запад да има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.
На север краткотрајно ќе засилува северен ветер.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 34 степени.
До четврток ќе биде претежно стабилно и суво, освен во западните делови каде ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од петок ќе има зголемена облачност и повремен локален дожд, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.