Магазин 24. септември 2019. / 21:22

До четврток дожд, потоа голема промена на времето

До четврток дожд, потоа голема промена на времето

Циклонот Роберт ќе влијае на времето во Македонија некаде до четврток по што следува голема промена на времето, смета метеорологот Славчо попоски.

Станува збор за стабилизирање на атмосферата и престанок на врнежите насекаде низ држвава а поради продор на потопл воздух од југ преку ден ќе имаме и значително повисоки температури на воздухот кој насекаде ќе се искачуваат над 20 степени додека во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до 30 степени и истите ќе бидат над просекот за крајот на месец септември.

Се на се уште сега може да се планира викендот кој што ни доаѓа за прошетка и излет на отворено поради тоа што не очекува стабилен, сув, сончев и топол викенд.