Магазин 21. јануари 2019. / 09:43

Дневен хороскоп за понеделник

Дневен хороскоп за понеделник

ОВЕН

Работa: Опуштени сте и пред вас е ден во кој ќе немате премногу обврски. Во моментов работата воопшто не ве оптоварува.

Љубов: Пред вас е поволен ден за почеток на врска која би можела да трае.

Здравје: Без проблеми.

БИК

Работа: Сега кога имате прилика да смените некои важни работи во работното опкружување, треба да ја искористите.

Љубов: Пред вас е поволен ден за почеток на врска со личност која веќе подолго време сака да ви се приближи.

Здравје: Здравјето е се подобро.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Соработка со странство ќе ви отвори нова врата кон можностите да остварите добар успех.

Љубов: Уживате во паралелен флерт и убаво ви е кога добивате многу внимание од припадниците на спротивниот пол.

Здравје: Полни сте со позитивна енергија.

РАК

Работа: Финансиите се се подобри, и затоа сте среќни и задоволни. Имате доволно мотивација да бидете посветени на својата работа.

Љубов: Можно е да постои личност која ви значи, но тоа го криете.

Здравје: Проблеми со жолчката.

ЛАВ

Работа: Доколку сега склопите некој договор врзан за работата, може да очекувате дека ќе бидете задоволни на долги патеки.

Љубов: Партнерот ви е посветен и убаво ви е кога сте заедно.

Здравје: Алергиски реакции.

ДЕВИЦА

Работа: Можете да очекувате дека на работен план ќе успеете да извршите голем број на обврски и дека ќе бидете многу ефикасни.

Љубов: Може да очекувате дека ситуацијата на ова поле ќе биде променливо.

Здравје: Внесувајте повеќе витамини.

ВАГА

Работа: Среќните околности во кои се наоѓате ќе ви обезбедат можност ситуацијата на работното поле да се подобри.

Љубов: Можно е пред партнерот да имате некој страв дека вашиот однос тргнал во непосакуван правец.

Здравје: Добро.

ШКОРПИЈА

Работа: Ве очекува ден во текот на кој ќе бидете насочени на важни работи. Доста од работите сега се на вас.

Љубов: Можно е вашата недоверба кон саканата личност да внесува голем немир и нестабилност.

Здравје: Проблеми со уринарниот тракт.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Доколку сакате да постигнете работен успех, неопходно е сериозно да се посветите на работата и да прифатите некои обврски.

Љубов: Можно е дека ќе се решите некое време да се оддалечите од партнерот.

Здравје: Нервниот систем ви е чувствителен.

ЈАРЕЦ

Работа: Имате многу добри шанси да се вработите денеска, доколку сте во потрага за ново работно место.

Љубов: Сакате емотивни промени затоа што покрај моменталниот партнер не сте задоволни.

Здравје: Болки во грбот.

ВОДОЛИЈА

Работа: Имате поддршка која ви е потребна на работното поле и може да очекувате дека ќе дојдете во важни промени.

Љубов: Подговени сте да и покажете на личноста која ви се допаѓа какви ви се чувствата.

Здравје: Ќе ви годи физичка активност.

РИБИ

Работа: Избегнувајте големи вложувања денеска и генерално внимавајте на своите пари затоа што е можна мала штета кај вас.

Љубов: Покажете и на саканата личност дека сте подготвени да се прилагодите и да бидете топли кон нејзе.

Здравје: Избегнувајте алкохол.