Магазин 18. април 2019. / 14:22

Дневен хороскоп за четврток

Дневен хороскоп за четврток

Дневен хороскоп за четврток (18.04.2019).

ОВЕН

Работа: Лошо сте расположени од обично и тоа може да предизвика одредени конфликти.

Љубов: Вашиот партнер често менува расположение пред вас, и тоа ве збунува. Не се чувствувате комфорно во турбулентна врска.

Здравје: Добро се чувствувате.

БИК

Работа: Во последно време криете многу од своето работно опкружување во страв од конфликт.

Љубов: Се чувствувате како да сте на раскрница меѓу желба да запознаете некоја нова личност и носталгија кон поранешниот партнер. Не сте некој кој лесно оди понатаму.

Здравје: Можна несоница.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Следниот период ќе ви биде исполнет со обврски од обично. За на вистинскиот начин да се носите со се, мора добро да се организирате.

Љубов: Не сте најискрен кон саканата личност.

Здравје: Инфекција на дишните патишта.

РАК

Работа: Доколку ве мачи некој проблем од минатото, денеска е можно да направите голем чекор кон негово конечно решение.

Љубов: На вашиот партнер му треба време да сфати што точно сака од вашата врска.

Здравје: Можни проблеми со стомакот.

ЛАВ

Работа: Очекувајте позитивен ден во кој ќе можете лесно да остварите се што сте замислиле, и покрај тешкотиите.

Љубов: Можно е да се заинтересирате за личност родена во знакот Вага и дека ќе го направите првиот чекор кон неа.

Здравје: Одлично се чувствувате.

ДЕВИЦА

Работа: Денешниот ден ви носи некои проблеми со кои до сега не сте се среќавале и кон кои не знаете како да се поставите.

Љубов: Во моментов љубовта ви е главен приоритет, и подготвени сте да голем ризик.

Здравје: Чувствителни очи.

ВАГА

Работа: Успешни сте во својата работа и се гордеете со тоа. Вашите досегашни резултати ви се најголема мотивација да продолжите да се трудите.

Љубов: Многу сте посветени и пожртвувани кон саканата личност. И пружате поддршка.

Здравје: Добро.

ШКОРПИЈА

Работа: Неодамнешната ситуација на работното место уште повеќе ја вцрстуваат вашата одлука да барате нова работа.

Љубов: Партнерот ви дава доста повод за љубомора. Се прашувате дали навистина загубил интерес за вас.

Здравје: Малаксаност и замор.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Имате среќа во остварување на својата креативност. Денеска охрабрете се и следете ги своите идеи и верувајте во успех.

Љубов: И вие, и вашиот партнер како да сте дошле до презаситеност и не гледате заедничка иднина.

Здравје: Проблеми со варењето на храната.

ЈАРЕЦ

Работа: Можно е денеска да бидете предмет на критики од надредените или предмет на оговарање од соработниците, но исходот ќе биде конструктивен.

Љубов: Ситуацијата на љубовното поле е многу стабилна.

Здравје: Пазете се од алергии.

ВОДОЛИЈА

Работа: За успешно да ги исполните сите обврски кои ви ги носи денешниот ден, ќе ви биде потребна помош од соработниците.

Љубов: Можно е во миговите кога најмалку се надевате, да запознаете една интересна личност.

Здравје. Внесувајте повеќе витамини и минерали.

РИБИ

Работа: Сите околности на ова поле ви одат во корист. Дооклку вложите доволно труд да го дадете најдоброто од себе, ќе постигнете одлични резултати.

Љубов: Ќе добиете еден необичен предлог од личност која сте ја запознале.

Здравје: Главоболка.