Магазин 06. мај 2020. / 09:58

Дизни загубил 90 отсто од профитот поради корона вирусот

Дизни загубил 90 отсто од профитот поради корона вирусот

Приходите на компанијата „Дизни“ во првите три месеци од 2020 година опаднале за 91 отсто и тоа најмногу поради затворањето на тематските забавни паркови ширум светот.

Иако продажбата за ова тримесечје пораснала за 21 отсто на 18 милијарди долари, заработката на компанијата претрпе огромна штета поради затворањето на забавните паркови, како и поради трошоците за почнување на стрим-услугите „Дизни плус“.

Оперативните приходи на „Дизни“ во делот на забавните паркови опаднале за дури 58 отсто во однос на лани.