Магазин 07. февруари 2021. / 23:00

Дива мечка се „самопокани“ на журка на диџеј

Дива мечка се „самопокани“ на журка на диџеј

Диџејот Џоди Флеминг од Ешвил, Северна Каролина, пушташе музика  во живо за своите следбеници на социјалните мрежи кога на неговата виртуелна забава се појави вистинскиот херој на шоуто – црна мечка стоеше на задната врата од неговата куќа.

Животното застанало на задните нозе и почнува внимателно да набудува сè што се случува внатре.

На мечката изгледа дека не и пречи да се приклучи на забавата на диџејот, но излезе дека затворената врата е сериозна пречка за нејзините намери.