Магазин 25. јули 2020. / 21:59

Диета со лубеница за симнување пет килограми за пет дена

Диета со лубеница за симнување пет килограми за пет дена

Ако сакате да изгубите вишок килограм, тогаш би било добро да знаете колку калории има храната што ја консумирате и дали истата е добар сојузник во борбата за слабеењето.

Калоричната вредност на лубеницата не е голема. На 100 грама, таа има околу 30 калории, а диетата од лубеница може да биде многу ефикасна за слабеење. Нејзиниот состав е 90% вода и може да се каже дека пиеме повеќе лубеница отколку што ја јадеме. Сепак, за разлика од водата, таа содржи многу растителни влакна и токму во тоа лежи нејзината тајна. Хралнивите влакна го исполнуваат местото во цревата исто како течноста и тоа значително го намалува вашиот апетит.

Консумирањето на лубеница помага во процесот на исфрлање на токсините, регулирање на нивото на натриум во организмот и исфрлање на вишокот вода од организмот.

Лесна и краткорочна диета со лубеница

За разлика од Аткинсовата диета или било која друга диетална програма, не постои специфична диета со лубеница, но ова е името на која било диета што ја вклучува лубеницата во своето дневно мени. Тоа е причината зошто има неколку видови на оваа диета.

Една од нив е и следната краткорочна диета со лубеница која трае пет дена и ви овозможува да изгубите пет килограми за тоа време. Според нутриционистите, краткорочните и брзи диети засновани на само една храна можат да ви помогнат да изгубите тежина брзо, но не и да постигнете трајни резултати. Сепак за трајни резултати неопходно е континуирана здрава исхрана и физичка активност.

Меѓутоа, ако имате малку време како на пример, пред да заминете на море и не ви треба многу до совршената линија, диетата со лубеница е одлична летна варијанта со која можете да го започнете животот со витка линија . Летото е идеално време да започнете диета затоа што ви се достапни најразлични видови на свежа храна. Неделно мени за диета од лубеница од 5 дена:

Прв ден:

Појадок: 1 парче лубеница и 1 шолја кафе или чај. Ручек: 150 гр говедско месо со 150 гр варен ориз. Засладете се со парче лубеница. Вечера: 60 ​​гр сирење, парче леб и парче лубеница

Втор ден:

Појадок: 1 парче леб, 1 шолја кафе или чај и 1 парче лубеница. Ручек: 100гр пилешко без кожа, 1 парче леб и 1 парче лубеница. Вечера: 100 гр скара риба, 100 гр варен ориз и дури 2 парчиња лубеница.

Трет ден:

Појадок: Како претходниот ден – парче леб, шолја кафе и парче лубеница. Ручек: 50гр тестенини со сос од домати и 3 парчиња лубеница. Вечера: салата од свеж зеленчук и лубеница – колку што можете да јадете.

Четврти ден:

Појадок: 2 парчиња лубеница Ручек: супа од брокула (секоја супа од зеленчук е добар избор), парче леб и 2 парчиња лубеница. Вечера: 3 средно печени компири и 2 парчиња лубеница

Петти ден:

Појадок: 3 парчиња лубеница. Ручек: 150 гр говедско месо и неограничена количина лубеница. Вечера: Парче интегрален леб, 60 гр сирење и 3 парчиња лубеница

Овој метод на исхрана драстично го намалува бројот на потрошени калории и не треба да се држи долг временски период. За време на држењето на диетата, прескокнете го вежбањето и рекреацијата затоа што веројатно ќе се чувствувате лошо, исцрпено и уморно.

Ако забележите дека не ви се допаѓа овој начин на исхрана, запрете го веднаш и не чекајте до петтиот ден по секоја цена. Постојат неколку диети што можете да ги пробате. Можеби диетата со лубеница не е за вас.