Диџеј Ицко од „Антена 5 Македонија“ починал откако подолго време боледувал од Ковид-19. Веста за смртта на популарниот диџеј ја споделија неговите колеги и пријатели кои утринава почнаа да објавуваат фотографии и пораки со кои се простуваат од 48-годишниот диџеј и љубител на музиката, објави Женски магазин.
Диџеј Ицко на клупската сцена во Македонија ѝ е познат веќе повеќе 15 години. Прогресивната музика е основен елемент на неговите миксови во комбинација со електро и вокални елементи кои прават интересна фузија и вистинско задоволство на „хаус“ музика.
Веќе 10 години беше дел од најголемата радио станица во Македониjа. Се смета за легенда одговорна во најголем дел од развојот на електронската сцена во Македонија на највисоко ниво, а неговите емисии на радио се добро познати и надвор од Македонија.
Покрај диџејството, тој беше и фамилијарен човек, сопруг и татко на две деца.