За руски „Брз Центар“, Тимур Дибиров, кој осум години игра за „Вардар“ зборуваше актуелната ситуација која е далеку подобра.
Промени се направени и работите изгледаат подобро тоа е сигурно. Но мислам дека рано е за проценки затоа што не сме се вратиле на тренинг како тим. Според мене за еден клуб да напредува и да расте потребно е да прави промени. Минатата сезона немавме доволно играчи да ја покриеме ротацијата. Со деветте нови потпис Вардар има силен тим, но рано е да се да се зборува, изјави Дибиров.