Рускиот репрезентативец, Тимур Дибиров, по се излгеда ќе остане во Вардар во следната сезона. Вардар викендов стигна до втората европска круна откако во финалето го совлада унгарски Веспрем (27-24).
Крилниот играч, за руските медиуми потврдил дека ќе остане во Скопје.
-Следната сезона ќе ја поминам во Вардар. Клубот ќе биде спасен, а ситуацијата е многу подобра, рече Дибиров.
Кај старо-новиот европски шампион, сезонава владееше беспарица, но според последните информации клубот ќе биде спасен, а тоа значи дека и понатаму ќе го гледаме помеѓу најсилните европски клубови.