Магазин 02. јуни 2019. / 14:06

Дибиров бил во транс: Не се сеќавам на последните 10 минути од мечот

Не се сеќавам на последните 5-10 минути од натпреварот, се сеќавам само дека губевме седум разлика, ништо повеќе, вели Тимур Дибиров во интервјуто за порталот „Балкан хендбол“ веднаш по натпреварот против Барселона.

Потоа се боревме за секоја топка, не гледавме кој како игра, само чекавме да добиеме шанса. Имаме големо срце, сè е нереално поврзано со Вардар оваа година. Ние сме тука за да ги правиме луѓето од Македонија среќни, такви емоции не се опишуваат. За нас е најважно нив да ги направиме среќни, поима немам како победивме, вели Дибиров.