Во организација на Детскиот ликовен центар во Скопје и Здружението на ликови педагози утре во селото Горно Нерези ќе се одржи детската ликовна колонија „Св.Пантелејмон“.
Оваа ликовна колонија е под покровителство на Општина Карпош, а годинава се одржува по четиринаесетти пат.
Првата ликовна колонија се одржа во 2007 година, и е резултат на довербата на општината во организаторските способности на Детксиот ликовен центар, а е во интерес на младите генерации – ликовни творци од основните училишта во Општина Карпош, посочија општинските власти.
Оваа традиционална ликовна колонија до минатата година имала меѓународен карактер, поточно учествувале млади творци од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска. Поради пандемијата со коронавирусот, годинава колонијата има општински карактер.