Магазин 17. ноември 2019. / 00:04

Дете гениј: Има само девет години, а наскоро ќе дипломира

Дете гениј: Има само девет години, а наскоро ќе дипломира

Лорент  Симонс, деветгодишно момче од Белгија, ќе дипломира на Универзитетот за технологија во Ајндховен во декември, на студии на кои   штотуку се запиша  минатата година. Неговите професори велат дека тој е едноставно извонреден.
По дипломирањето, момчето планира да продолжи со докторат по електротехника и истовремено да  студира медицина, изјави неговиот татко за Си-Ен-Ен.

Бабите и дедовците беа првите кои забележале колку е талентираното момче. Во прво време, родителите мислеле  дека претеруваат, но наскоро наставниците го потврдиле истото.

„Ни беше речено дека тој апсорбира како сунѓер“, рече таткото на момчето, Александар Симонс.

Лорен потекнува од семејство на лекар, но сè уште не знае зошто е толку талентиран. Универзитетот за технологија на Ајндховен му дозволи на Лоран да ги заврши студиите побрзо од другите студенти.
Многу универзитети низ целиот свет се заинтересирани за 9-годишникот, но неговите родители се сигурни дека тој има баланс што му е потребен помеѓу неговите таленти и неговата возраст.

Лорен ужива да игра со куче и на мобилен телефон, но за разлика од многу негови врсници, тој знае што сака да прави кога ќе порасне -да  развива вештачки органи.